spot_img

МЕ: Виртуелна средба на ДС Размена Чекиќ-Дуровиќ со државниот секретар во МНР и трговија на Унгарија Péter SZTÁRAY 14

МинистерстваМЕ: Виртуелна средба на ДС Размена Чекиќ-Дуровиќ со државниот секретар во МНР...

Најчитано

Во функција на подготовка на  одржување на претстојната Четврта седница на Мешовитата комисија по Договорот за економска соработка, државните секретари ги разговараа модалитетите за унапредување на соработката на економски и трговски план, каде сѐ уште постои голем неискористен потенцијал кој треба да биде искористен, пред сѐ од страната на бизнис заедниците на двете земји. Се договори седницата да се одржи во втората половина на 2022 во Скопје. Во меѓувреме да се работи на ревидирање на работните групи формирани при одржување на претходната седница, со посебен акцент да се даде на формирање на работна група за животна средина (екологија), работна група за образование и наука, како и посебни работни групи за здравство, како и за индустрија и претприемништво.

Да се разгледа можноста и интересот за потпишување на Меморандум за соработка/разбирање во областа на инвестициите и Меморандум за разбирање во областа земјоделство на ниво на факултетско образование.

На маргините на средбата, г-н Pétar Sztáray истакна дека е од суштинско значење да се одржи европската  и евро-атлантската перспектива на Северна Македонија, од аспект на преговорите за членство во Европската унија. Унгарија како земја и до сега, а и во иднина ќе ја поддржува Северна Македонија во овие процеси, при што посебно го поздрави влегувањето на Северна Македонија НАТО алијансата (The North Atlantic Treaty Organization). Г-ѓа Размена истакна дека особено ја цениме принципиелната и искрена поддршка од страна на Унгарија и нивната јасна позиција за старт на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија без никакво одложување.

 

 

 

Извор: Министерство за економија

spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе