spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБерово: Увид на теренските активности за асфалтирање на улица ,,Малешка”

Берово: Увид на теренските активности за асфалтирање на улица ,,Малешка”

Во рамките на Програмата за локални улици и патишта, во тек е асфалтирање на ул. ,,Малешка” во Берово, откако претходно беше отстранет стариот дотраен асфалт и беа поставени нови ивичнаци.
Се асфалтира улицата, во должина од 98 метри и широчона 6 метри.
Со реконструкцијата на оваа улица се решава долгогодишен проблем на жителите од овој дел на градот, при што повеќе нема да газат по кал и песок и ќе им се олесни пристапноста до своите семејни куќи.
За реконструкција на ул.,,Малешка” , од општинскиот Буџет за 2021 година, ќе бидат потрошени 843.088,00 денари.
За потсетување ова е 10 та по ред улица, која што се реконатруира во рамките на Програмата за локални улици и патишта за 2021 година, со средства од општинскиот Буџет, а во моментот во тек е и реконструкција и на улици во с. Двориште.

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...