spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиСоопштение

Соопштение

На 28-мата седница на Претседателството на Синдикатот на УПОЗ која се одржа на 20.10.2021 година, беа распишани изборите во Синдикатот на УПОЗ и синдикалните организации и беше предложен можен кандидат за претседател на Синдикатот на УПОЗ.

На седницата, се разговараше и околу предлог – измените на Законот за административни службеници и предлог – измените на Законот за вработените во јавниот сектор со посебен осврт на платите на административните службенции.

Претседателството на Синдикатот на УПОЗ, со оглед на истечениот мандат на органите и телата на Синдикатот на УПОЗ, на 28-мата седница, донесе одлука за распишување на изборните активности во синдикалните организации и Синдикатот на УПОЗ. Синдикалните организации се обврзани да ги спроведат изборните активности до 30.11.2021 година, а од оваа одлука се иземени синдикалните организации кои се ново формирани, како и организациите кои во периодот помеѓу 7-то Собрание и 8-от Конгрес извршиле избор во своите синдикални организации.

Согласно споменатата одлука, на седницата се расправаше за предлог можни кандидати за Претседател на Синдикатот на УПОЗ.

Членовите на Претседателството имаа можност да предлагаат, но на крајот беше констатирано дека нема друг предлог освен, за сегашниот Генерален секретар Трпе Деаноски да биде предложен за можен кандидат за Претседател на Синдикатот на УПОЗ. Овој предлог е доставен до сите синдикални организации и на наредната седница доколку биде поддржан од 1/3 од синдикалните организации во кои членуваат 1/3 од вкупниот број членови на Синдикатот, Претседателството на Синдикатот на УПОЗ ќе го утврди како можен кандидат и ќе го предложи на Конгресот на изјаснување.

Досегашниот претседател на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски, без оглед на поддршката која ја има од Претседателството на Синдикатот на УПОЗ и синдикалните оргнизации, се заблагодари на довербата и ја искажа својата воља, дека после два мандати на чело на Синдикатот на УПОЗ, треба да се избере нов претседател.

На Осмиот Конгрес ќе бидат разрешени сегашени органите и телата на Синдикатот на УПОЗ и ќе бидат избрани нови, ќе се одржи на 10.12.2021 година во Скопје.

 

 

 

Извор: УПОЗ

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...