spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕВМРО-ДПМНЕ обезбеди мнозинство во Советот на Општина Радовиш

ВМРО-ДПМНЕ обезбеди мнозинство во Советот на Општина Радовиш

Секој оној којшто тргнал против народот и неговата слобода не завршил како победник, па нема ни сега.

Почитувани жители на Радовиш, почитувани жители на сите населени места, уште една огромна благодарност за довербата која ни ја дадовте и што уште посилно продолжувате да ни ја давате.

Имаме визија за подобар Радовиш, ќе работиме обединето и заеднички, идниот градоначалник Ацо Ристов ќе ја има нашата поддршка, ќе ја има довербата од мнозинството на Советот на Oпштина Радовиш, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ сега ја има најмоќната коалиција која била направена во историјата, а тоа е коалицијата со народот.

Обезбедивме мнозинство без притисоци, без уцени, без поделба на функции, мнозинство на Советот кое ќе работи во интерес на граѓаните.

Уште еднаш ја бараме вашата поддршка, ја бараме вашата доверба за победата да биде уште посилна и помоќна, бидејќи народот го заслужува најдоброто, народот заслужува подобра иднина.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

 

 

 

Извор:  ВМРО ДПМНЕ 

Прочитајте