spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Директорот Бабовски во Битола оствари два работни состаноци

АХВ: Директорот Бабовски во Битола оствари два работни состаноци

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, г-динот Николче Бабовски, во Битола оствари два работни состаноци и тоа со деканот на ветеринарниот факултет во Битола, проф. д-р Никола Караболовски, и со директорот на средното земјоделско училиште, г-дин Благојче Кривевски.

Во рамките на овие две посети, г-дин Бабовски со своите домаќни разговараше за капацитетите на двете образовни институции и беа разменети искуства од областа на образованието и земјоделството.

 

Посебен акцент се стави на можностите за унапредување на програмите за практичната настава на учениците односно студентите со цел нивна соодветна квалификација по завршување на образованието заради полесно интегрирање во секторите земјоделство и ветеринарна наука.

 

 

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...