spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПрилеп: Прогласени добитниците на наградите „3-ти Ноември“

Прилеп: Прогласени добитниците на наградите „3-ти Ноември“

Во просториите на Општина Прилеп денес се оддржана прес конференција на која Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници ги соопшти  овогодишените добитниците на плакети и дипломи  3-ти Ноември.

 

Како  што беше соопштено оваа година по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп  се доделуваат три награди за животно дело – Златна плакета. Постхумно награда  за животно дело им се доделува на  Драган Попоски-Дада, доајен на македонската современа скулптура, Тачко Локвенец, новинар, писател и публицист и на Илија Адамоски, истакнат општествен работник

Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници покрај наградата за животно дело, додели и 4 плакети и 7 дипломи.

 

„На денешната седница на Совет беше формирана Комисија за одбележување на значајни настани, личности и празници. Веднаш после завршувањето на седницата се состана комисијата и одлучи веќе донесената одлука на комисијата од претходен состав на советници да ја измени и дополни Одлуката за доделување на награди и признанија по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп“, истакна Игор Николоски, претседател на Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници.

Награди – плакети по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп се доделуваат на:

  • Младост 96, за достигнувања во областа на спортот;
  • Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР, за постигнати значајни резултати и достигнувања за подобар живот во локалната заедница;
  • Здружение за правна едуација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т Прилеп, за придонес во едукацијата и асистенцијата на граѓаните во насока на остварување на нивните права;
  • Фирма МИНАС Прилеп, за негување на занаетчиството;

Награди – дипломи по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп им се доделуваат на:

  • Георги Стале Поповски, за достигнувања во областа на книжевноста и преведувачката дејност;
  • Блага Тутеска, за достигнувања во областа на образованието и литературата;
  • Круме Пирганоски, за достигнувања во областа на образованието и информатичката технологија;
  • Божана Тренческа, за достигнувања во областа на литературата;
  • Димче Велкоски, за достигнувања во областа на воздухопловното, спортско и ракетно модуларство;
  • Пулексенија Јованоска, за особен придонес во промоцијата на карате спортот во светски рамки;
  • Јовица Нешкоски-Фризерот (постхумно), за негување на фризерскиот занает;

Како што потенцираше претседателот на Комисијата за одбележување значајни настани, личности и  празници, на објавениот конкурс за доделување на наградите „3-ти Ноември“, пристигнале 14 апликации.

Наградите на годинешните добитници  ќе им бидат доделени на свечената седница на Советот на Општина Прилеп, која ќе се одржи во среда, 3-ти ноември, во големата сала на Општина Прилеп.

Оваа година се навршуваат точно 77 години од остварувањето на вековните стремежи за национална слобода, еден од најзначајните датуми за градот Прилеп – 3-ти Ноември.

 

 

Извор: Општина Прилеп

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...