spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
Home@дминистрацијаМИОА: Системот за поднесување на електронски пријави, поплаки и предлози кон реализација

МИОА: Системот за поднесување на електронски пријави, поплаки и предлози кон реализација

Република Северна Македонија е решена на патот на забрзана дигитализација и зголемена примена на дигитални решенија, електронските услуги.

Наскоро ќе воведуваме нов дигитален канал наменет за граѓаните, кој ќе им овозможи во секое време, онлајн да пријават проблем или поплака поврзани со јавна институција, како и да пријават проблем во постапка за добивање на определена услуга од јавната администрација.

Со овој систем ќе се подобри транспарентноста во однос на постапувањето на органите на државната управа, така што комуникацијата и процесот на разрешување ќе биде на увид на граѓаните и правните лица со цел да се создаде “позитивен притисок” за надминување на проблемите.

Ќе ги искористиме сите потребни механизми за да придонесеме за зголемување на ефикасноста на јавната администрација, која работи целосно во служба на граѓаните.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...