spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Градењето ефикасна државна администрација е наш приоритет

МИОА: Градењето ефикасна државна администрација е наш приоритет

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири вчера се сретна со претставникот на ОЕЦД СИГМА, Ксавиер Систернас. Овој состанок доаѓа како резултат на целосната посветеност за постигнување на однапред зададените цели.

На средбата, министерот Шаќири ја искористи можноста да им се заблагодари на г-дин Ксавиер и на ОЕЦД СИГМА за укажаната поддршка. ,,Нашата соработка ќе продолжи да биде уште поплодна и уште повеќе ќе се продлабочува во иднина“, рече Шаќири.

Меѓу другото, Шаќири рече: „Решени сме да го однесеме овој проект напред, да ја оптимизираме целокупната институционална рамка, да ја подобриме испораката на јавните услуги, да ги зајакнуваме етиката, интегритетот, транспарентноста и отчетноста на јавната администрација.

На крајот од средбата министерот Шаќири додаде дека имплементацијата на препораките е од особена важност, не само за самиот процес туку и за идните трансформации во институциите.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте