Се асфалтираше улицата „Цветан Димов“ на потегот од булеварот „Ленинова“ до улицата „бр.4 – Парк“.
Во наредните три дена се забранува движењето на тешки товарни возила на оваа улица. Во деновите на забрана, тешкиот товарен сообраќај се пренасочува од улицата „11-ти Октомври“, преку улицата „Кирил Динков“ позади „Грозд“ кон улицата „Цветан Димов“.
Апелираме за разбирање и почитување на оваа времена мерка.
Извор: Општина Струмица