Со цел подобрување на безбедноста на учесниците во сообраќајот, општина Илинден континуирано работи на одржување на постоечката и поставување на нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на локалните улици и патишта.
На неколку локации во населба Илинден извршено е обележување на хоризонталната сигнализација, со што покрај подобрувањето на безбедноста во сообраќајот, сообраќајниците во Општината добиваат нов лик. Притоа, на барање на жителите извршено е и обележување на нови пешачки премини.
Во рамките на континуираното одржување на вертикалната и на хоризонталната патна сообраќајна сигнализација, а со цел поголема информираност на учесниците во сообраќајот поставени се и повеќе информативни табли и патокази на влезовите во општината, како и сообраќајни знаци.
Реализацијата на проектите од областа на патната инфраструктура во насока на поголема безбедност на учесниците во сообраќајот, посебно на пешаците и на велосипедистите, како и подобрувањето на секојдневната комуникација на жителите, остануваат приоритет во работењето на општина Илинден.
Извор: Општина Илинден