spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВелес: Jавнa расправa по Нацрт-програмите за 2022 година

Велес: Jавнa расправa по Нацрт-програмите за 2022 година

Општина Велес Ве поканува на Jавнa расправa по Нацрт-документите на општината за 2022 година. Јавната расправa ќе се одржи на  24.11.2021 година (среда)  во големата сала на Општина Велес и тоа за:

  • преставници од областите на образованието, културата, здравствената и социјална заштита, како и од здруженија и фондации (невладини организации, културно уметнички друштва, спортски клубови итн.) и заинтересирани граѓани во 16:30 часот
  • претставниците од урбани и месни заедници и заинтересирани граѓани со почеток во 18:00 часот

На Јавната расправа ќе бидат разгледувани Нацрт – документите на Општина Велес за 2022 година:

    1. Нацрт-програма за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес за 2022 година.
    2. Нацрт-програма за изработка на Урбанистички планови  во Општина Велес за 2022 година.
    3. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и управувањето со кризи во 2022 година.
    4. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на локалниот економски развој во 2022 година.
    5. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на информатичката технологија (ИТ) во 2022 година.
    6. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата на животната средина во 2022 година.
    7. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на јавната чистота и јавното зеленило во 2022 година.
    8. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на културата и меѓународната соработка во 2022 година.
    9. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2022 година.
    10. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита во 2022 година.
    11. Нацрт -програма за активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2022 година.
    12. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на спортот во 2022 година.
    13. Нацрт-програма за активностите на Oпштина Велес за поддршка на младите во 2022 година.
    14. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес за поддршка на граѓанскиот сектор во 2022 година.

Нацрт- документите што ќе бидат презентирани на Јавната расправа можете да ги најдете и во електронска верзија на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk, Вашите забелешки по нив можете да ги упатите на засебниот линк за коментари на истата веб страна.

 

 

 

 

 

Извор:  Општина Велес 

Прочитајте

Карпош: ,,Водно во Карпош-Карпош на Водно“ на КЦК

0
Во организација на Креативниот центар-Карпош, денеска, во дворот на ООУ,,Вера Циривири-Трена “, се одржа завршниот настан од проектот насловен ,,Водно во Карпош-Карпош на Водно“....