spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКочани: Со апликацијата „мЗаедница“ дигитално пријавување на конкурсот за стипендии

Кочани: Со апликацијата „мЗаедница“ дигитално пријавување на конкурсот за стипендии

До 29 ноември, сите редовни студенти од општина Кочани, запишани на државните универзитети можат да аплицираат за стипендија преку дигиталната интерактивна платформа „мЗаедница“. Целта е да се создадат услови младите, како баратели на стипендии и корисници на новите технологии, да можат што поедноставно и полесно  да конкурираат за стипендии.

По пристапот до „мЗаедница“, се оди кон дигиталното барање за поднесување стипендија, студентот избира категорија во која го поднесува барањето за користење стипендија, пополнува податоци и ги прикачува сите потребни документи. На крајот дава согласност поврзана со Законот за лични податоци и апликацијата ја праќа до административниот панел. Овој начин на аплицирање овозможува дополнителна директна комуникација на Општината со подносителот на барањето, кој пак ќе има увид и во статусот на барањето – дали е примено, одобрено или одбиено.

Овој начин на конкурирање го продолжува дневниот рок на пријавување од 8 на 24 часа; а за пријавување може да се искористат и неработните денови.

Преку мобилната апликација „мЗаедница“, која е бесплатна и може да се преземе преку Гуглплеј и Епстор, граѓаните можат лесно и брзо да влијаат врз акциите што треба да ги преземе Локалната самоуправа, а отсега да аплицираат и за други субвенции што ги овозможува Општина Кочани.

Дигиталната платформа „мЗаедница“ има и веб-апликација, до која исто така треба да се пристапи преку линкот www.mzaednica.mk.  Граѓаните на Општина Кочани можат да ја преземат апликацијата или да креираат свој профил, со што ќе можат да придонесат за реализирање на подобра заедница.

„МЗаедницa“ овозможува поврзување и со социјалните мрежи што помага во побрз и полесен пристап до информации.

Кочани е една од трите општини во државата којашто го користи овој интерактивен модел за комуникација со заедницата.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Кочани

Прочитајте

Битола: Интензивни работни активности на Јавните претпријатија

0
Поволните временски услови изминатиот викенд, овозможија непречено спроведување на работни активности на јавните претпријатија на повеќе локации. Јавното претпријатие Комуналец во соработка со Општина Битола,...