Како голем љубител и поддржувач на културата, градоначалникот Костадин Костадинов, присуствуваше на концертот „Класика за Струмица“ којшто се одржа во Центарот за култура „Антон Панов“.
На концертот беа изведени најпознатите оперски арии и соло песни од уметниците Полина Тасева, Јаворка Витанова, Сара Јанева и Андреј Наунов, а се одржа во рамките на манифестацијата „Струмица град на културата 2021“.
Избор: Општина Струмица