spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаСоветниците на Левица – Центар ќе поднесат барање за локален референдум

Советниците на Левица – Центар ќе поднесат барање за локален референдум

Кај Холидеј Ин се започна со градба. Како што многу пати досега може да посведочиме, се додека не започне да работи механизацијата, ни се чини дека некои нешта не се реални, а дека некој, некаде, кој што е на позиција е заинтересиран нешто да промени.

Во случајов, сите знаеја дека веќе девет години на сила има Генерален урбанистички план на Скопје, донесен во времето на администрација на ДПМНЕ, кој на оваа позиција предвидува станбено-деловен простор, значи не парк, не администрација, туку комерцијални и лукративни објекти. И никој од тогаш до сега не го адресира овој проблем, не поведува истрага зошто намената според ГУП е сменета токму на оваа позиција која беше ем државно земјиште, ем предвидено за државна администрација, во сериозно помал габарит. Според таквиот корумпиран ГУП, се направи уште покорумпиран Детален урбнистички план, на тендер за едно евро од хектар, па се постави прашањето за кого работат планерите? Дали за општиот интерес, или за приватни инвеститори?

И таквиот ДУП помина неревидиран и без истрага од кај произлегува и зошто. Две администрации на СДС (или една на ЛДП, зависи како милувате) се сменија, но проблемот остана, очигледно проширен и надграден. Дали од неспособност или незаинтересираност, но евидентно е дека „џабе ги гласавте“.

Се направи и дооформување на градежна парцела, со срамна продажба на градежно земјиште, диригирано од тогашниот министер Сугаревски и од Министерството за транспорт и врски, кои што само креваа раменици. Дали поради вмешаноста на црквата, со оглед дека токму на парцелата која е во сопственост на МПЦ започнува градбата. И идеен проект помина во времето на Богдановиќ, без да се алармира во јавноста и основен проект помина, и комуналии се платија. И само врз основа на висината на комуналиите можеме да заклучиме дека градењето ќе биде фазно, односно ќе се почне со една, со тенденција на крај да завршиме со девет кули, на три локации!

Практицирање на непосредна демократија, каде Центарци ќе можат непосредно да се изјаснат дали се или не се за градба, дури и по цена да си го откупат со самопридонес насилно украденото, за да спречат тотална дехуманизација на овој простор!

Поради тоа, советниците на Левица ќе поднесат барање за локален референдум, каде жителите на Центар ќе имаат можност директно да се изјаснат за зградите кај Холидеј ин.

Го повикуваме градоначалникот на Центар Горан Герасимовски под итно да го стопира градењето, Основното Јавно Обвинителство да покрене истрага, додека пак Општина Центар и Министерството за Транспорт и Врски да направат ревизија и да им го овозможат правото на Центарци да се изјаснат во однос на ова прашање на референдум!

 

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...