Денеска (28.11.2021) од 12 до 16 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на непрописно престигнување, во рамките на која вкупно биле санкционирани 39 прекршоци ( 25 на територија на Тетово и 14 на територија на Гостивар).
Прекршоците се санкционирани со адекватни поднесоци. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.