spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Спортистот Александар Илиевски на средба со градоначалникот

Гази Баба: Спортистот Александар Илиевски на средба со градоначалникот

Градоначалникот Бобан Стефковски денес имаше средба со спортистот Александар Илиевски, пливач во далечинско пливање. На средбата разговараа за претстојните спортски активности на Александар, за неговите успеси во маратонското пливање и за поддршката на градоначалникот и општината за идните планови.

Александар Илиевски има учествувано на многу меѓународни маратони, а од 2014 година учествува на Гранд При Серија и Фина Светскиот Куп. Најголем подвиг му е учеството на маратон во Хернандариас – Парана ( Аргентина), каде испливал 88 км, при што трката ја завршил на 5-то место од 25 пливачи, за време од 9 часа 47 минути.

Во рамките на Светската Гранд При Серија – Фина во конкуренција од 30 пливачи, ги има освоено следните пласмани: 2014 год. 11 место, 2015 год. 10 место .2016 год. 7 место, 2017 год. 10 место, 2018 год. 8 место, 2019 год. 8 место и 2021 год. 9 место.

Покрај упорноста и дисциплината на Александар, за неговите успеси голема заслуга има и легендата во далечинско пливање, Томи Стефановски, кој од 2013 година работи како негов тренер,а на маратоните во 2018 и 2019 година во Аргентина, придружба на нашиот маратонец беше и Петар Стојчев,најдобриот светски маратонец.

Оваа година, Александар направи подвиг, пливајќи 71,06 км во Охридското езеро, започнувајќи од пристаништето во Охрид до Свети Наум, од Свети Наум до Подградец Албанија, од Подградец до Струга и од Струга до Охрид, со време од 15 часа и 21 минута.

Градоначалникот Бобан Стефковски ќе продолжи со поддршката за спортистите од општина Гази Баба, исто и за Александар и за неговите следни успеси во далечинско пливање.

 

 

 

 

Извор: Општина Гази Баба

Прочитајте

Битола: Интензивни работни активности на Јавните претпријатија

0
Поволните временски услови изминатиот викенд, овозможија непречено спроведување на работни активности на јавните претпријатија на повеќе локации. Јавното претпријатие Комуналец во соработка со Општина Битола,...