Бугарскиот амбасадор, Н.Е Ангел Александров Ангелов ја посети општина Ѓорче Петров при што оствари средба со градоначалникот, Александар Стојкоски.
Се разговараше за меѓусебна соработка со акцент на зајакнување на односите со збратимената општина Красна Полјана. Исто така, на средбата меѓу амбасадорот и градоначалникот стана збор и за идни заеднички проекти кои ќе бидат реализирани од двете страни.
На средбата воедно беше нагласено и дека заедничка цел е зацврстување на пријателските односи меѓу двете земји преку меѓусебно почитување и континуирана соработка.
Извор: Општина Ѓорче Петров