Интензивно се чисти депонијата во Ново Село
Општина Ѓорче Петров во заедничка акција со Град Скопје – конечно сериозно се пристапува кон чистење на депонијата во Ново Село и се решава горливиот проблем на жителите од овој дел од општината.
Заедно со Градот се изнаоѓаат трајни одржливи решенија за овој простор. Во план е во иднина да бидат подигнати нови парковни површини и многу зеленило. Жителите на Ѓорче Петров воедно ќе добијат и нова зона за рекреакција.
Исто така, во план е и да се оневозможи пристап со продолжување на заштитната ограда, физичка заштита и строги казни. Како опција е и поставување видео мониторинг.
Извор: Општина Ѓорче Петров