Охрид: интензивни теренски активности на ЈП „Охридски Комуналец“

ОпштиниОхрид: интензивни теренски активности на ЈП „Охридски Комуналец“

Најчитано

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве спроведуваат интензивни теренски активности во повеќе сегменти од доменот на своето работење.

Со ангажирање на специјална механизација извршено е расчистување на неколку диви депонии во туристичката населба Лагадин и во селата Елшани и Долно Лакочереј. Исто така, извршено е и подигање на несоодветно депониран кабаст отпад од неколку локации во градот.

Согласно законските обврски кои ги има ЈП „Охридски Комуналец“ околу одржувањето на јавните површини во зимски услови и „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид” депонирани се вреќи со сол и ризла на неколку критични точки во стариот дел на градот. Со цел комуналните служби и жителите превентивно да реагираат во справувањето со голомразица и снежни врнежи, ваквите активности ќе продолжат и во текот на наредните денови, во други делови на градот и руралните места.

Вработените во РЕ „Паркови и зеленило” деновиве започнаа со оплеменување на јавните зелени површини во градот со засадување на цветниот материјал viola (очиња) од сопствено производство. Засадувањето ќе се одвива етпано, при што прво ќе се опфати центарот на градот со градскиот парк, па пешачките патеки до Горица и покрај каналот Студенчишта, кружните сообраќајници и периферните делови од градот.

 

 

 

Извор: Општина Охрид 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе