Градоначалникот Александар Стојкоски го посети основното училиште „Јоаким Крчоски“ на територија на општина Ѓорче Петров.
Стојкоски кој најави интензивни посети на училиштата и присуство на сите важни денови на овие образовни институции, имаше можност одблизу да се запознае со воспитно-образовниот процес.
Како што рече, учениците од „Јоаким Крчоски“ подготвиле одлична приредба и добро ги научиле своите права и обврски. Тој најави дека во иднина со задоволство ќе присуствува на нивните активности.
Извор: Општина Ѓорче Петров