spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингИутеКредит ја додели целосната стипендија за постдипломски студии на Универзитетот Американ Колеџ...

ИутеКредит ја додели целосната стипендија за постдипломски студии на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје

Верица Ѓелевска е добитник на целосната стипендија за постдипломски студии на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје која ја доделува ИутеКредит Македонија и таа ќе биде постдипломец на Факултетот за Деловна Економија и Организациони науки на насока Финансии и Банкарство.

Благодарение на својот досегашен успех во студиите по економија (насока – финансии и кредит) на Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ и квалитетниот есеј на тема The Impact of New Technologies in Finance and Banking успеа да се издвои и да биде избрана за добитник на целосна стипендија за постдипломски студии на УАЦС.

За Верица квалитетното образование е нешто бесценето, а кога имате мотивација, упорност и посветеност не постои предизвик којшто не може да биде совладан, особено кога се работи за сопствениот развој.

На Верица и посакуваме успешна студиска година, а на тековните и идни студенти им порачуваме редовно да ги следат каналите за комуникација на ИутеКредит Македонија за да бидат во тек со сите идни можности за стипендирање.

 

 

 

 

Извор:  ИутеКредит

Прочитајте

Битола: Интензивни работни активности на Јавните претпријатија

0
Поволните временски услови изминатиот викенд, овозможија непречено спроведување на работни активности на јавните претпријатија на повеќе локации. Јавното претпријатие Комуналец во соработка со Општина Битола,...