spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Писмо до директорот на ЈП ,,Паркови и зеленило“

Карпош: Писмо до директорот на ЈП ,,Паркови и зеленило“

Господине директор на ЈП „Паркови и зеленило“ Скопје,

Во текот на вчерашната ноќ се случи немил настан на улицата „Јури Гагарин“ бр. 49 при што беше направена материјална штета на патничко моторно возило „фолцваген поло“. Во непосредна близина на местото каде што се случи немилиот настан, Градот Скопје уште од 2018 година има издадено решение и се обележани десетина дрва кои се суви и кои чекаат на сечење од вашето Јавно претпријатие.

Ве молиме да постапите веднаш по решението затоа што некои од овие дрва се само на метар оддалеченост од детско игралиште како и од влезна патека од зграда број 45 на улицата Јури Гагарин.

За Вашето разбирање однапред благодарам.

 

 

 

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...