spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаВладата ќе достави до Собранието Предлог-одлука за продолжување на рокот на кризната...

Владата ќе достави до Собранието Предлог-одлука за продолжување на рокот на кризната состојба

Владата на Република Северна Македонија на денешната 123-та седница, којашто се одржа преку интернет комуникациска врска, го утврди текстот на Предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Северна Македонија, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија.

Со оваа Предлог-одлука му се предлага на Собранието на Република Северна Македонија да одобри продолжување на рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија во наредните 6 месеци, односно до 9 јуни 2022 година.

Предлогот за продолжување на рокот на кризната состојба има за цел да обезбеди континуитет во спроведувањето на мерките и активностите за надминување на состојбата во снабдувањето со електрична енергија.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...