spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКуманово: Претседателката на Советот на средба со претставници на “Кумановски акцијаши”

Куманово: Претседателката на Советот на средба со претставници на “Кумановски акцијаши”

По повод Светски ден на волонтерите, 5 декември претседателката на Совет на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска имаше средба со претставници на здружението „Кумановски акцијаши„.

Повод за средбата е доставување на Програмата за работа на
Здружението до Советот на Општината и размислувањата на тема
доброволна волонтерска работа, која носи добробит за граѓаните на
секоја Општина.

Градоначалникот и Советот на Општина Куманово продолжуваат во намерата да бидат активни поддржувачи на здруженија од ваков тип, со цел да се негуваат традициите на доброволното работно ангажирање, промовирајќи го волонтерството во сите сфери на
општествениот живот.

 

 

 

Извор: Општина Куманово 

Прочитајте

Ѓорче Петров: Дексион добива нова детска градинка

0
Општина Ѓорче Петров и Министерството за социјална политика, демографија и млади потпишаа договор за изградба на нова детска градинка за 120 дечиња во населеното...