spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКуманово: Инклузивно игралиште за ученици со попреченост во ООУ “Браќа Миладиновци”

Куманово: Инклузивно игралиште за ученици со попреченост во ООУ “Браќа Миладиновци”

На Меѓународниот ден на лицата со попреченост, во рамките на
проектот „Биди ин, биди инклузивен, биди инклудиран “ свечено беше
пуштено во употреба инклузивното игралиште за ученици со попреченост,
инклузирани во редовна настава во ООУ “Браќа Миладиновци”-Куманово.

Овој проект е финансиран од Европската унија, во реализација на
Фондација за образовни и културни иницијативи “Чекор по чекор”, со
партнерите Здружение за промоција и развој на инклузивно општество
“Инклузива” и Здружение за давање услуги на лицата со попреченост
“Хандимак”, со поддршка од Општина Куманово.

Проектот се залага за
подобрување на образовни можности за децата со попреченост и
придонесува за развој на инклузивен несегрегиран потсистем на
основното образование, кој е отворен за сите и обезбедува
висококвалитетна настава и значајни можности за учење за сите ученици
со попреченост, а со тоа и ја зајакнува нивната социјална и образовна
вклученост.

Покрај градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски,
на настанот се обратија и претставници од “Инклузива”, “Чекор по чекор”,
“Алфи Би”, како општествено-одговорна компанија и донатор на
игралиштето и директорот на ООУ “Браќа Миладиновци”.

Извор: Општина Куманово

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...