Претставници од иницијативата „На Точак“ му ги презентираа на градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски предлозите и иницијативите кои ги имаат со цел подобрување на велосипедската инфраструктура во општината.
На средбата во општината беше разговарано на повеќе теми во контекст на олеснување на движењето на урбаните велосипедисти.
Договорено беше градоначалникот и претставници на иницијативата наскоро повторно да остварат средба на теми поврзани со велосипедистите.
Извор: Општина Ѓорче Петров