spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Зголемена паричната помош за семејствата на загинатите во автобуската несреќа

Град Скопје: Зголемена паричната помош за семејствата на загинатите во автобуската несреќа

На барање на градоначалничката Арсовска, на денешната втора седница на Советот на Град Скопје, сумата во предлог-одлуката за доделување на паричната помош за семејствата на загинатите во автобуската несреќа што се случи во соседна Бугарија се зголемува на 3,5 милиони денари, со цел да се излезе во пресрет на семејствата.

– На оваа седница предлагам оваа ставка да се зголеми на 3,5 милиони денари, со цел да се излезе во пресрет на семејствата на загинатите и повредените од сообраќајната несреќа – кажа градоначалничката Арсовска во нејзиното обраќање на денешната седница на Советот.

Градот Скопје уште еднаш изразува длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите, а на повредените им пожелува побрзо закрепнување.

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте