spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингУТМС: Презентација на ESB и совети за подобрување на вештините на говорно...

УТМС: Презентација на ESB и совети за подобрување на вештините на говорно изразување

На 11-ти декември 2021 година во 13:30 часот во амфитеатарот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, кој е овластен центар на ESB меѓународниот доживотен сертификат за англиски јазик, ќе се одржи презентација со наслов „Претставување на ESB и совети за подобрување на вештините на говорно изразување“.

Целта е да се запознаат наставниот кадар, студентите, како и сите заинтересирани страни за самиот сертификат, начинот на стекнување со истиот како и на кој начин може да се подобрат вештините на говорно изразување и употребата на англискиот јазик.

Презентери ќе бидат: Тина Реншоу, извршен директор на ЕСБ, Бен Џексон, виш менаџер за образование во ЕСБ, Фабиана Пика ЕСБ, меѓународен претставник, доц. д-р Весна Милевска, ЕСБ претставник за Македонија и Србија и професор по англиски јазик на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

 

 

 

 

Извор: Универзитет за Туризам и Менаџмент – Скопје 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...