spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСеверна Македонија може и понатаму да се потпре на германската поддршка

Северна Македонија може и понатаму да се потпре на германската поддршка

Првиот ден од работната посета на Сојузна Република Германија, вицепремиерот Димитров го заокружи со средба со Михаел Рот, актуелен пратеник во Бундестагот од редовите на СДП како дел од владејачкото мнозинство и довчерашен германски министер за Европа.

Вицепремиерот Димитров изрази благодарност за дејствувањето на Рот од неговата позиција за отворање на пристапни преговори со Северна Македонија во светло на заедничката кауза за обединета Европа.

Димитров: „Во текот на нашата соработка, успеав одблизу да се запознаам со вредностите што ги застапуваше во текот на извршувањето на функцијата, како и со принципиелните ставови на Германија и доследноста кога станува збор за комплетирање на Европа со земјите од регионот. Таквата поддршка даде огромна сила на нашите напори за европеизација на Северна Македонија и издржливост во моментите на разочарување од неисполнетото европско ветување. Имајќи го предвид сето ова, уверен сум дека Германија ќе продолжи да дејствува во насока на зајакнување на кредибилитетот на Унијата, а во тие напори секогаш ќе имаме сојузник и пријател во ликот на Михаел Рот.“

По средбата Димитров – Рот, германскиот пратеник даде изјава за македонските медиуми што ја пренесуваме во целост:

„Вчера ја напуштив мојата функција како министер за Европа. Би сакал да изразам благодарност до Македонците, имам многу пријатели во регионот на Западен Балкан и особено во Северна Македонија. Вашиот народ го заслужува најдоброто, а тоа е ЕУ перспектива. Новата влада останува посветена на тоа, трите партии кои ја формираа новата влада остануваат посветени и многу работиме на изнаоѓање мудро решение за да се надминат билатералните спорови.

Не се откажувајте! Не се откажувајте и мојата порака до моите истакнати пријатели во Брисел и низ целата Европска Унија е – да ги одржиме нашите ветувања. Мораме да испорачаме.

Луѓето во Северна Македонија постигнаа многу и знам дека е долг и трнлив пат, но на крајот вреди. Сегашната европска перспектива гарантира работни места, просперитет, стабилност, мир, регионално помирување и владеење на правото и почитување на етничките, верските и сексуалните малцинства. Ви посакувам сé најдобро и многу ви благодарам за одличната соработка со мојот пријател Никола и со многу други, вклучително и претставници на граѓанскиот сектор.“

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте