spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДелчево: Голема хуманитарна акција на Советот на Млади

Делчево: Голема хуманитарна акција на Советот на Млади

Советот на млади при Општина Делчево во пресрет на новогодишните празници, заедно со своите соработници, организира голема хуманитарна акција насловена Новогодишна трпеза за сите“. Целта на активноста е да се овозможи достојна прослава на празничните денови кои ни претстојат за најранливите категории граѓани.  

 Се надеваме дека хуманоста ќе ни помогне и овојпат за повеќе детски насмевки и родителска среќа преку донација на храна, финансии, детски пакетчиња или донација по избор на граѓаните и согласно со можностите. Сите собрани донации ќе бидат поделени на оние на кои им е најпотребна помошта во соработка со надлежните институции – велат членовите на Локалниот младински совет.

Акцијата ќе се одвива на следните датуми и локации :

 

–          07-17.12.2021 во просториите на ОУ „Ванчо Прке“

–          13-17.12.2021 (12-14 часот) во просториите на СОУ „М.М.Брицо“

–          14.12.2021 во просториите на ОУ „Св. Климент Охридски“

–          09-10.12.2021 во просториите на ОО Црвен Крст

–          09-14.12.2021 во просториите на Пензионерското друштво

Донациите кои ќе се донесат може да вклучуваат:

– новогодишни пакетчиња

– нерасиплива храна

– финансиски средства или донација по Ваш избор

Сите собрани донации ќе бидат поделени на оние на кои им е најпотребна помошта во соработка со надлежните институции. Акцијата се спроведува со поддршка од Градоначалникот на Општина Делчево и Советот на Општината заедно со СОУ „Методи Митевски – Брицо” – Делчево„Св.Климент Охридски“ ДелчевоООУ„Ванчо Прке“ – ДелчевоЦрвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Делчево и Здружение на пензионери Делчево.

Извор: Општина Делчево

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...