spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКуманово: Сувенир на Општина Куманово за 2021 година

Куманово: Сувенир на Општина Куманово за 2021 година

Традиционално Комисијата за избор на сувенир на Општина Куманово го избра
сувенирот на Општината за 2021 година, по претходно објавен јавен конкурс.

На конкурсот за избор на сувенир учествуваа четири автори со креативни решенија, во кои беа содржани елементи на препознатливост, но и отсликување на традицијата и
културно-историските, духовни, материјални и природни богатства на градот Куманово.

Во просториите на Општина Куманово градоначалникот Димитриевски потпиша Договор со атеље “Артидеа”-Скопје, застапувано од авторот Наташа Кузмановска, која го изработи избраниот сувенир на Општината за 2021 година “Слика на стакло на Занаетчискиот дом во Куманово”, изработена на стакло со
специјално наменети бои за сликање на стакло.

Сувенирот на Кузмановска е
прилагоден за масовно производство и наменет за туристичка промоција на градот.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Куманово 

Прочитајте

Бутел: По 40 години реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки”

0
Нема запирање кога се работи за доброто на граѓаните и за нивните потреби. Денес, започна реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки” со површина од 3000...