spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Изградба на фекална канализација во населба Јака

Илинден: Изградба на фекална канализација во населба Јака

Општина Илинден почна со реализација на капиталниот проект за изградба на фекална канализација во делот на населба Јака и околината, во должина од околу 7600 метри, а со изградбата на фекалната канализација ќе бидат опфатени сите домаќинства од тој дел на Општината.

Според градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој денеска направи увид во работните активности, со изградбата на фекалната канализација во населба Јака и околината, се решава долгогодишниот проблем со кој се соочуваа граѓаните од тој дел на општина Илинден, а воедно ќе се подобри квалитетот на животот и ќе се заштити животната средина. Градоначалникот Георгиевски додаде дека, вакви капитални проекти ќе бидат во фокусот на неговото работење во следните четири години.

Вредноста на овој капитален проект изнесува над 20.000.000 денари, средства обезбедени од ТАВ Македонија. По изградбата на фекалната канализација ќе се изгради и пречистителна станица, која ќе ги прифати фекалните отпадни води од канализацијата.

 

 

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Карпош: Разеленување со 200 нови дрвја

0
Во дворот на ООУ ,,Христијан Тодоровски-Карпош”, се засадија првите садници во рамки на акцијата за пролетно зазеленување во Општина Карпош. Оттука, започнува пролетното садење...