spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Новогодишни пакетчиња за учениците од ОУРЦ „Д-р.Златан Сремец“

Кисела Вода: Новогодишни пакетчиња за учениците од ОУРЦ „Д-р.Златан Сремец“

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски заедно со отецот Оливер од црквата Св. Спас во Драчево, кој раководи со Хуманитарната организација Свети Спас, денес ги посетија учениците од ОУРЦ „Д-р.Златан Сремец“.

 

Во пресрет на Новогодишните и Божикните празници, им подарија пакетчиња со цел да им ги разубават празничните денови кои следуваат. На дечињата кои беа видно израдувани, им посакаа среќни празници и година исполнета со многу здравје и радост. Од нив доби благодарница и нивна украсна изработка.

 

Средбата, градоначалникот ја искористи и да поразговара со директорката на ОУРЦ „Д-р.Златан Сремец“ кое се наоѓа на територија на општина Кисела Вода и да се информира околу потребите кои овие ученици ги имаат, како и за можноста за помош од страна на локалната самоуправа.

-Мојата цел како градоначалник е Општина Кисела Вода да биде општина за сите, а тоа секако ги вклучува и лицата со посебни потреби и дечињата со пречки во развојот. Во таа насока, сите мои актуелни и идни проекти, ќе имаат компонента на достапност за лицата со инвалидност. На овој начин, ќе им овозможиме достоинствен живот без бариери и дискриминација и еднакви права со сите останати. Денес, заедно со отецот Оливер, со подарочиња им го разубавивме денот на учениците од  ОУРЦ “Д-р Златен Сремец”, а со директорката поразговаравме околу нивните потреби во училиштето и во кој дел Општина Кисела Вода може да излезе со својата помош. Сакам да потенцирам дека лицата со попреченост, секако може да сметаат на поддршката од Општина Кисела Вода, и од мене како градоначалник-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...