spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПравни актиКолективни договориКолективен договор за вработените во кабинетот на претседателот на РСМ

Колективен договор за вработените во кабинетот на претседателот на РСМ

Денес, 21.12.2021 година, во просториите на Кабинетот на Претседател на РСМ, се потпиша Колективениот договор за вработените во Кабинетот на Претседател на РСМ. Колективниот договор од страна на Синдикатот на УПОЗ го потпишаа Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Кабинетот на Претседател на РСМ Гуле Гулев и Генералниот секретар на Кабинетот на Претседател на РСМ, Миле Бошњаковски од страна на работодавачот.

Со овој колективен договор се уредуваат правата, обврските, одговорностите и други прашања во врска со работниот однос на вработените при Претседател на Република Северна Македонија и тоа: вработувањето и унапредувањето, работа во неработни денови, начинот на организација на работата во услови на криза, платите и надоместоците на плата како и другите прашања поврзани со работниот однос.

Радува фактот што Синдикалната организација при Кабинет на Претседател на РСМ, самоиницијативно се формираше во почетокот на месец декември, и по три недели, се подготви и потпиша текст на Колективен договор.

 

 

 

 

Извор: УПОЗ

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...