Студентите, предводени од професорите Дитурије Исмаили, Александар Петков и Калтрина Зеколи, одблиску беа запознаени со работата и функционирањето на нашата Установа и колку таа е важна во однос на предметот на нивното студирање.
Оваа посета на студентите кои имаа можност да се запознаат со работата на секој сектор посебно, беше дел од нивната семестарска пракса.
Нашите врати остануваат секогаш отворени за сите наши сограѓани, а особено за младите кои постојано ја имаат мојата поддршка и поддршката на институцијата што ја водам – Општина Чаир.
Извор: Општина Чаир