spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниРадовиш: 25 стипендии за Талентирани ученици

Радовиш: 25 стипендии за Талентирани ученици

Во општина Радовиш беа доделени Договорите за стипендирање на ученици од основното и средното образование во општина Радовиш
Согласно Одлуката за доделување на стипендии за учебната 2021 / 2022 (бр. 09-1317/4 од 14.12.2021 г.) донесена од Градоначалникот на општина Радовиш по претходно бодирање од страна на Комисијата за доделување на стипендии при општина Радовиш, стипендија добија вкупно 25 ученици од кои 16 ученици од општинските основни училишта, 4 ученици од средното училиште „Коста Сусинов„ и 5 ученци кои добија стипендија по основ на социјална положба.

Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов при доделувањето на Договорите им нагласи на учениците дека општината по осми пат ги доделува овие стипендии и дека му е драго што општината на еден ваков начин ги стимулира најдобрите ученици од општина Радовиш и што овој континуитет продолжува и во неговиот мандат како градоначалник.

 

На крајот од своето обраќање тој им посака уште поголеми успеси на учениците – стипендијанти, изразувајќи уверување дека еден ден некои од овие најдобри ученици можеби ќе раководат и со општината во некое идно време.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Радовиш 

Прочитајте

Карпош: Разеленување со 200 нови дрвја

0
Во дворот на ООУ ,,Христијан Тодоровски-Карпош”, се засадија првите садници во рамки на акцијата за пролетно зазеленување во Општина Карпош. Оттука, започнува пролетното садење...