spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниРадовиш: Пуштено во употреба подрачното училиште во село Калаузлија

Радовиш: Пуштено во употреба подрачното училиште во село Калаузлија

Преку обезбедување на нови стандарди со нови училишни згради и нова училишна опрема, продолжуваме со унапредување на условите за современо и модерно одвивање на образовниот процес во општината.

Согласно позитивното мислење добиено од Министерството за образование и наука за отпочнување со работа и непречено одвивање на воспитно-образовниот процес, денес во употреба го пуштивме Подрачното училиште во село Калаузлија кое е во состав на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш.

Во оваа нова современа училишна зграда наставата ќе ја следат вкупно 36 ученици распоредени во 2 комбинирани паралелки согласно сите нови стандарди.

Новата зграда е изградена со средства од Турската агенција за соработка и координација „ТИКА“ а со поддршка од страна на општина Радовиш.

Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов на чинот на предавањето во употреба нагласи дека за реализација на сите овие проекти општината соработувала и ќе продолжи да соработува со Министерството за образование, како и со многу потенцијални инвеститори и донатори во сферата на образованието.

Воедно Градоначалникот нагласи дека согласно плановите и програмите за работа, 2022-ра година ќе биде година на изработка на нови проекти и техничка документација за целосно решавање на просторните и инфраструктурните приоритети на сите општински училишта во општина Радовиш.

 

 

 

 

Извор: Општина Радовиш

Прочитајте

МЗ: Кампања „Спринт за имунизација“

0
Седумдесет тимови на доктори и медицински сестри, изминатата недела се на терен и веќе посетија над 3.000 семејства на невакцинирани деца во рамките на...