Во завршна фаза е изградбата на детската градинка во Јосифово, како капитален проект кој суштински го менува квалитетот на живот во населеното место.
Досега, целосно се реализирани следниве работи:
? кровна конструкција;
? фасада на објектот;
? столаријата;
? молеро фарбарските работи;
? керамичарските работи;
? системот за затоплување;
? електричната инсталација;
? водоводната инсталација;
? канализационата имсталација;
? повеќенаменскиот простор од објектот;
? противпожарните врати;
Во моментов се работи на:
▪️ партерното уредување на надворешниот дел со пристапни патеки и паркиралиште;
▪️ санитарни елементи во тоалетите;
▪️ поставување на сливници за одводнување на атмосферските води;
▪️ пристапна патека од занималните до парковската површина;
▪️ осветлување на дворната површина;
За наредниот период, преостанува да се:
? постават изведбено конструктивни подови во занималните;
? монтира кујнска и трпезариска опрема;
? конструира внатрешна столарија во занималните и останатите простории од објектот;
? наместат креветчиња за спиење на децата;
Се внимава на сите детали пропишани во проектната документација и се гради по највисоки европски стандарди.
Го решаваме најголемиот проблем во Јосифово и сите заедно се движиме напред.
Извор: Општина Валандово