МТВ: Одземена лиценцата за работа на превозникот „Бога Транс“ од Скопје

МинистерстваМТВ: Одземена лиценцата за работа на превозникот „Бога Транс“ од Скопје

Најчитано

По барање на Државниот инспекторат за транспорт, Министерството за транспорт и врски донесе Решение за одземање на лиценцата за работа на  превозникот „Бога Транс“ од Скопје.

Министерството за транспорт и врски донесе Решение со кое привремено му се забранува вршење на дејност на превозникот, со што му се одземаат лиценците за внатрешен и за меѓународен превоз на патници, како и изводите од лиценци. Истиот е должен лиценците и изводите од лиценците да ги достави до Министерството за транспорт и врски.

Имено, превозникот „Бога Транс“ поседувал лиценца за вршење на внатрешен слободен и посебен линиски превоз на патници, како и лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници. Исто така превозникот поседувал и важечки изводи од лиценци за вршење на внатрешен слободен и посебен линиски превоз на патници и изводи од лиценци за вршење на меѓународен слободен превоз на патници.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт е извршен вонреден инспекциски надзор на 21.12.2021 година, за што надлежниот инспектор констатирал дека и покрај тоа што превозникот поседувал важечки лиценци, возачот не поседувал валиден сертификат за вршење на дејност во меѓународен сообраќај. Со тоа, утврдени се неправилности во работењето на правниот субјект, односно работел спротивно на Законот за превоз во патниот сообраќај.

Имено, согласно член 8 став 1 точка 3 од Законот за превоз во патниот сообраќај, домашно правно или физичко лице може да добие лиценца ако исполнува одредени критериуми, меѓу кои да има вработено во работен однос минимум еден возач по моторно возило.

Бидејќи превозникот „Бога Транс“ во моментот на инспекцискиот надзор не ја запазил оваа одредба од Законот, Министерството за транспорт и врски по барање на Државниот инспекторат за транспорт, донесе Решение за привремено запирање на вршење на дејност.

Министерството за транспорт и врски согласно своите надлежности ќе продолжи да постапува согласно законските прописи за сите физички и правни лица кои работат спротивно на законот.

 

 

 

Извор: Министерство за транспорт и врски 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе