МЖСПП: Упатство за достава на евидентен лист и уплата на надоместок за биоразградливи кеси за транспорт за стоки

МинистерстваМЖСПП: Упатство за достава на евидентен лист и уплата на надоместок за...

Најчитано

Согласно  Законот за управување со пакување и отпад од пакување од 1 декември 2021 година е превиден надоместок за биоразградливите кеси за транспорт на стоки кој што од страна на трговците треба да се прибира и уплаќа на квартална основа, за што е отворена посебна приходна сметка.

За месец декември со кој започна примената на Законот, а кој е последниот месец од претходниот квартал, Извештајот за евиденцијата и уплатата на надоместоците треба да се достават до Министерството за животна средина и просторно планирање до 15 јануари 2022г.

Евидентниот лист за продадени биоразградливи кеси кој исто така треба да се доставува квартално, а најдоцна до 15 наредниот месец, е пропишан согласно Правилникот за стандардите за био-разградливост кои треба да ги исполнуваат кесите за носење на стоки, начинот на пуштање на пазар на биоразградливи кеси од страна на трговците, како и формата и содржината на образецот за водење на евиденција (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 265, 30 ноември 2021г.)

Евидентниот лист, со копија на уплатницата за уплатени надоместоци пратете ги по пошта или доставете ги лично до Архивата на МЖСПП на адреса:

Министерство за животна средина и просторно планирање /Сектор отпад

Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3

1000 Скопје 

Надоместокот кој што се наплаќа е со вредност од 15 денари. Надоместокот кој трговецот треба да го уплати на сметка на Министерството за животна средина и просторно планирање е без вредноста која останува по пресметката на ДДВ што се уплаќа согласно Законот за данокот на додадена вредност.

Линк до Правилникот: https://bit.ly/34OHGFh

Податоци за сметката: Надоместок за биоразградливи кеси за транспорт на стока

Назив на примачот – Буџет на РСМ

Банка на примачот – Народна банка на РСМ

Сметка – единствена трезорска сметка 100000000063095

Сметка на буџетски корисник – единка корисник – 121011520263110

Приходна шифра и програма – 718159 26

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе