spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во ноември 2021 година, во однос на ноември 2020 година, изнесува 105.6.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (14.4 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (11.5%) и Информации и комуникации (11.3 %).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (3.9 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3.5 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (2.9 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2021 година, изнесува 29 130 денари.

 

 

Извор: Државен завод за статистика

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...