spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Прв започна со имплементацијата на ЦАФ 2020

МИОА: Прв започна со имплементацијата на ЦАФ 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити завчера присуствуваше на отворањето на првата работилница за ЦАФ  (Common Assessment Framework – CAF ), во организација на Регионалната школа за јавна администрација.

Министерството за информатичко општество и администрација како координатор на областа управување со квалитет, од јануари оваа година започна со реализирање на активности предвидени за имплементација на Заедничка рамка за проценка (ЦАФ моделот), кој е европски модел за подобрување на јавните организации преку самооценување.

Моделот се  темели на премисата дека одлични резултати во учинокот на организациите, граѓаните/клиентите, луѓето и општеството се постигнуваат преку водството кое ги насочува стратегијата, планирањето, луѓето, партнерствата, ресурсите  и процесите. Квалитетот на јавната администрација и на услугите кои ги нуди се оценуваат според нивното влијание врз квалитетот на живот на луѓето. Целта на моделот ЦАФ е да ги води јавните организации кон постигнување најдобри можни резултати.

МИОА во изминатите неколку месеци почна со нов циклус на имплементација на КАФ2020 моделот кој е ажурирана верзија на претходните модели пред се на ЦАФ2013 со акцент на дигитализација агилност одржливост и развој.

Во имплементирањето на КАФ2020 добивме поддршка од ресорниот центар на управување со квалитет на РЕСПА каде нашата држава е членка,а низ самиот процес на имплементација на моделот ќе не водат експертите од оваа област кои РЕСПА ги ангажираше за нас.

Во изминатиов период спроведовме важни активности од областа на управување со квалитет меѓу кои: воведување на меѓународниот стандард за системите за управување со квалитет ISO 9001:2015,  меѓународниот стандард за системот за управување со информациска безбедност ISO 27001:2013 и меѓународниот стандард за управување со електронски документи – дизајн и функционирање на информативен систем за чување на електронски документи ISO 14641:2018.

Воедно, се заврши пилот фазата на проектот „Методологијата за оценка на индекс на квалитет на институциите“, предвиден во Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија 2021 – 2022, и во Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018 – 2022.

Имплементација на методологијата за оценка на индекс на квалитетот на работата на институциите, ќе овозможи да се идентификуваат институциите кои добро работат и кои испорачуваат брзи и ефикасни услуги, истите да се мотивираат за уште поквалитетно работење, како и да се поттикнат институциите да учат една од друга преку споделување на добрите практики од нивното работење, со цел подобрување на услугите и задоволството на корисниците.

Инаку, Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, има за цел имплементација на меѓународни и македонски стандарди за управување со квалитет во функционирањето на јавните институции, кои ќе придонесат за повисок квалитет на услугите.

Со овој Закон кој стапи на сила во 2014 година, се воведе обврска во државната служба во земјава да се имплементираат следните два стандарди за квалитет: ИСО 9001 и Заедничката  рамка за процена – ЦАФ

Министерството за информатичко општество и администрација и во наредниот период ќе продолжи со активности во насока на унапредување на квалитетот на работа на јавната администрација.

 

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

Карпош: Разеленување со 200 нови дрвја

0
Во дворот на ООУ ,,Христијан Тодоровски-Карпош”, се засадија првите садници во рамки на акцијата за пролетно зазеленување во Општина Карпош. Оттука, започнува пролетното садење...