HomeОпштиниАеродром: Разрешен директор на ООУ Лазо Ангеловски

Аеродром: Разрешен директор на ООУ Лазо Ангеловски

Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче денеска конечно доби нов в.д. директор со што дојде до престанок на мандатот на претходниот.
 
И покрај тоа што претходниот директор беше повторно предложен да раководи со најголемото училиште во Аеродром, од етички и морални причини градоначалникот Тимчо Муцунски одби да го именува на таа функција со цел заштита и одржување на угледот на училиштето, на наставниот кадар и на самите ученици.
 
За претходниот директор на ОУ „Лазо Ангеловски“ имаше голем број поплаки. Тој со своето однесување предизвика бурни реакции во јавноста и му нанесе голема штета на училиштето во кое со децении работат врвни професионалци.
 
Градоначалникот Муцунски уште од првиот ден се заложи и цврсто останува на своето ветување дека Општина Аеродром ќе ја врати довербата и позитивната слика за сите институции што се под нејзина надлежност. Засега, на чело на училиштето и како вршител на должноста директор ќе застане Магдалена Петревска.
 
Децата се нашата иднина, а наша одговорноста е на сите да им обезбедиме безгрижно детство и најдобри услови за нивни правилен раст, развој и квалитетно образование водено и спроведено од професионален и посветен кадар!
petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално...

0
„Почитуван претседател на Европскиот совет, господине Кошта, Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се...