HomeОпштиниГрад Скопје: Продолжува санацијата на булеварите

Град Скопје: Продолжува санацијата на булеварите

Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“ продолжуваат секојдневно да ги санираат поголемите оштетувања на коловозите на булеварите и  на улиците со поголем проток низ Скопје.

Денеска ќе се изврши санација на ул. Ацо Шопов (Скупи), ул. Црногорска и ул. Лука Геров (до последна 22 во с. Волково) во општината Ѓорче Петров, бул. Борис Трајковски (правец од нас.Драчево кон нас.Пинтија), како и на бул. Теодосиј Гологанов каде што  покрај санација на големите оштетувања ќе се нивелираат и шахтите кои долг период предизвикуваат поголеми штети на возилата на граѓаните.

Екипи на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ секојдневно се на терен и детектираат каде има потреба од итна санација на коловозот, но исто така се врши сондажа за потребата од дополнителна сообраќајна сигнализација низ градот која ќе ги намали сообраќајните незгоди и ќе помогне за подобра видливост на пешачките премини.

 

 

 

Извор: Град Скопје 

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Креиравме вин-вин ситуација, да го исполниме чекорот во енергетика од...

0
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, во однос на исполнување на реформската агенда истакна дека тоа што е...