spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Бесправно урнатиот ѕид во ТЦ Антико се враќа во првобитна состојба

Карпош: Бесправно урнатиот ѕид во ТЦ Антико се враќа во првобитна состојба

Почитувани,

Реакциите на граѓаните за градењето преграден ѕид во подземниот премин на ТЦ Антико ги сметаме за оправдани, и поради тоа во неделата на 06.02.2022 година е направен инспекциски надзор над посочената градба од страна на инспекциските служби на Општина Карпош.

 Инвеститорот е повикан во просториите на Општина Карпош, Сектор Инспекторат на ден 07.02.2022 година, каде што доставил Записник за извршен редовен/контролен инспекциски надзор издаден од Дирекција за заштита и спасување бр. 09/5-6/82 од 03.12.2008 година, во кој што се констатира дека во подземните гаражи на зградата на бул. Партизански Одреди бр.88 е извршено противправно уривање на противпожарен ѕид и се Задолжува куќниот совет да го врати ѕидот во првобитна состојба согласно проектот бр. 15-114/2700 од 2001 година, изработен од ГП Бетон Скопје.

По приемот на оваа информација, инспекциските служби го прибавија основниот проект бр.  15-114/2700 од 2001 година, каде што е констатирано дека на посочената локација постои противпожарен ѕид во димензии и местоположба каде што се гради преградниот ѕид на кој што се однесува пријавата. Исто така, со официјален допис, инспекциските служби се обратија и до ГП “Бетон” кои го изработиле проектот, и побараа писмено да се произнесат во  однос на поставеноста на противпожарниот ѕид согласно нивниот проект. Од ГП Бетон е добиен одговор  дека според Основниот проект на ул. Партизански Одреди бб  со тех.бр. 2700 од 07.2001 година, проектиран е и изведен ѕид од тула со дебелина д= 20 цм и истиот е со функција одвојување на два противпожарни сектори, односно одделување на делот за паркирање од подрумите.

Откако се добиени сите релевантни информации, констатирано е дека ѕидот кој што во моментов се гради во подземните гаражи на ТЦ Антико е согласно Основниот проект бр. 15-114/2700 од 2001 година и истиот откако бесправно бил урнат, се враќа во првобитна состојба, и од тие причини нема законски основ да се покрене инспекциска постапка.

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте