spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаКонтинуирана е поддршката на ЕУ како стратешки партнер за унапредување и имплементација...

Континуирана е поддршката на ЕУ како стратешки партнер за унапредување и имплементација на реформите за добро владеење

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики на добро владеење, Славица Грковска денеска во својот кабинет го прими амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во нашата земја, Дејвид Гир.

Евроамбасадорот Гир честитајќи ѝ го мандатот на вицепремиерката ѝ посака успешна работа, истакнувајќи дека поддршката на ЕУ за исполнување на условите за почеток на преговорите и унапредување на реформите интензивно продолжува.

Вицепремиерката Грковска изрази задоволство од досегашната соработка со институциите на Унијата и го запозна амбасадорот Гир со активностите и плановите за интензивирање на реформите преку креирањето на политики за добро владеење, кои овозможуваат непречено функционирање на надлежните институции, со фокус на обезбедување ефикасна борба со корупцијата и изнаоѓање вистински решенија за детектирани системски слабости.

На средбата се разменија мислења и за важноста на унапредувањето на основите за дигитализацијата на процесите и овозможувањето на ефикасно, транспарентно функционирање на институциите и беше потврдена подготвеноста за продолжување на поддршката и соработката во овие области.

Соговорниците ја нагласија подготвеноста за размена на искуства и соработка и за квалитетно спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 и беше истакната потребата и значењето на добрата соработка и партнерство на институциите во насока на обезбедување ефикасно и непристрасно следење на примената на Кодексот за етичко однесување за носителите на јавни функции.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МНР: 55 години од создавањето и развојот на дипломатската служба

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележување на 29 Април, Денот на Министерството за надворешни работи на прес конференција ги наброи клучните...