spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Министерот Сали се сретна со Германската амбасадорка

МЗ: Министерот Сали се сретна со Германската амбасадорка

Продолжува поддршката од германската амбасада во справување со ковид кризата и останатите здравствените предизвици.Ова беа дел од темите на денешната средба на министерот за здравство, Беким Сали со германската амбасадорка во нашата држава, Анке Холштајн, на која и упати посебна благодарност за нејзиниот личен ангажман и поддршката која ја имаме од Германија за здравствениот сектор од почеток на ковид кризата.

Во рамки на програмата мали проекти за помош, на Клиниката за инфективни болести, КАРИЛ и Клиниката за неврохирургија е обезбедена медицинска опрема, како и лична заштитна опрема за здравствените работници во вредност од два ипол милиони денари.

Исто така со поддршка од германската амбасада беа обезбедени 72 илјади брзи антигенски тестови,а целиот изминат период директно беа вклучени со техничка помош во активностите со цел успешно справување со кризата.

– Се договоривме оваа соработка да продолжи, како во справување со предизвиците од пандемијата така и останатите сегменти и денешната средба е чекор напред кон натамошно унапредување на здравствениот систем.

 

 

 

Извор: Министерство за здравство 

Прочитајте

МЛС: Перински – Владата продолжува да се фокусира на граѓаните и...

0
„Владата покажа дека локалната самоуправа ја препознава како еден од најважните столбови во државното уредување. Дадовме ветување дека ќе се насочиме кон поддршка на...