spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Министерот Сали се сретна со амбасадорот на Италија, Силвестри

МЗ: Министерот Сали се сретна со амбасадорот на Италија, Силвестри

Во духот на традиционалната поддршка на Италија за здравствениот сектор во нашата држава беше вчерашната средба на министерот за здравство, Беким Сали со неговата екселенција, амбасадорот на Р.Италија, Андреа Силвестри.На средбата, министерот Сали изрази благодарност за донацијата од 250.380 вакцини на компанијата „Фајзер“, со цел зголемување на опфатот со имунизација во нашата држава.

Исто така, во тек е последната фаза од Програмата за рационализација и модернизација на биомедицинската технологија во здравствениот сектор во РСМ, што се реализира со заем што Италија ѝ го додели на Северна Македонија за набавка на современа опрема во вкупна вредност од над два и пол милиона евра.Унапредување на соработката во повеќе сегменти во здравствениот систем и размена на искуства со доктори од Италија исто така беа дел од темите на оваа средба.

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте