HomeОпштиниКисела Вода: Продолжува акцијата за чиста општина

Кисела Вода: Продолжува акцијата за чиста општина

Продолжува чистењето на општина Кисела Вода. Сезонските работници ангажирани преку Секторот за месна самоуправа заедно со службите на ЈП Комунална Хигиена, од утрово интензивно работат на расчистувањето на потегот од крстосницата помеѓу булеварите “Борис Трајковски” и “Србија”, се до населбата Пинтија.

 

Покрај рачно, се чисти и со специјални возила-метларки. Со камиони се носи отпадот до депонијата Дрисла.

Ваква заедничка акција за чистење на поголемите градски улици се одвиваше и во петокот кога со метларки и рачно се чистеа улиците “Востаничка”, “Народни Херои” и голем дел од “Христо Татарчев”.

Континуитетот на подигнување на хигиената во општина Кисела Вода продолжува и во периодот што следи.

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално...

0
„Почитуван претседател на Европскиот совет, господине Кошта, Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се...