spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВаландово: Дигитална трансформација кон Е- општини

Валандово: Дигитална трансформација кон Е- општини

? Градоначалникот на општина Валандово Перо Костадинов, заедно со министерот за локална самоуправа Горан Милевски, бугарскиот министер за е-влада и дигитализација Божидар Божанов, пратеничката Моника Зајкова, извршната директорка на ЗЕЛС Душица Перишиќ, како и претставници од невладиниот сектор, учествуваа на панел дискусија по повод промоцијата на публикацијата – Прирачник „Дигитална трансформација кон е-општини“.

? Панел – дискусијата, имаше за цел да поттикне на поширока јавна дебата за потребата од дигитална трансформација и да сподели успешни примери на општинско ниво.

Дигитализацијата на општините е неопходен процес, кој на долг рок ја враќа довербата меѓу граѓаните и институциите, ја подобрува пристапноста до административната услуга, максимално ја развива транспарентноста и го надминува проблемот со корупцијата во локалните самоуправи.

? Општина Валандово, целосно е посветена на дигитализирање на општинскате услуги, инвестира во процесот на брза и ефикасна комуникација и досега имплементираше неколку дигитални алатки за развој на двонасочната комуникација со граѓаните.

Коавтори на Прирачникот „Дигитална трансформација кон е-општини“, се комуникологот Бојан Кордалов и Тоше Зафиров. Настанот, беше организиран од Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) и Фондација „Фридрих Науман“, а во соработка со Министерство за локална самоуправа.

 

 

 

Извор: Општина Валандово

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...